skip to Main Content

Тринаесет членки на ЕУ бараат забрзување на евроинтеграцијата на Западен Балкан

Тринаесет членки на ЕУ бараат забрзување на евроинтеграцијата на Западен Балкан
  • 12.06.2019

Тринаесет земји-членки на ЕУ побараа забрзување на процесот на евроинтеграција на земјите од Западен Балкан, а пред сè отворањето на претпристапните преговори со Северна Македонија и Албанија во јуни оваа година, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се наведува дека барањето го испратиле Австрија, Бугарија, Естонија, Италија, Летонија, Литванија, Малта, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија, Хрватска и Чешка.

Во заедничката изјава се истакна важноста на проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан, како клучен инструмент за постигнување одржлива стабилност, мир и просперитет.

Тринаесетте држави ги повикуваат сите членки на ЕУ уште овој месец да преземат „далекусежни и храбри одлуки“ за да го промовираат континуираниот напредок на реформите, во согласност со стандардите и вредностите на ЕУ.

Back To Top