Триесетдневен притвор за Јанакиески и Ристовски

Судијата на претходна постапка донесе одлука за 30 дневен притвор на Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. Ова го соопшти Еленко Миланов, кој рече дека ќе поднесат жалба на оваа одлука, бидејќи како што потенцираше за Јанакиевски има две решенија за притвор. од кое едното е за домашен притовор.
Јанакиески и Ристовски треба да бидат упатени во истражниот затвор Шутка. Пред час и половина заврши распитот во скопскиот кривичен суд, Рускоска изјави дека поради опасност од бегство и влијание врз сведоци обвинителството побарало притвор.
Покрај Јанакиески и Ристовски денеска во Кривичниот суд беше и поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, кој кратко потоа си замина, повикувајќи се на пратеничкиот имунитет.
Освен овие тројца, Обвинителството гони уште две лица како организатори на настаните од 27 април.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.