skip to Main Content

Триесетдневен притвор за лицето кое се обиде да криумчари дрога преку скопскиот аеродром

Триесетдневен притвор за лицето кое се обиде да криумчари дрога преку скопскиот аеродром
  • 15.10.2018

Судија на претходна постапка му одреди мерка притвор од 30 дена на лицето кај кое беа пронајдени околу три килограми марихуана при царинска проверка на скопскиот аеродром.

Основното јавно обвинителство Скопје попладнево соопшти дека против лицето кое имало двојно државјанство од Франција и од Косово е издадена наредба за спроведување на истражна постапка поради основано сомнение дека сторило кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Марихуаната од 2,9 килограми била пронајдена во црна торба која осомничениот ја пријавил како личен багаж.

Back To Top