skip to Main Content

Трет обид на Комисијата за политички систем да го чуe извештајот на СЈО

Трет обид на Комисијата за политички систем да го чуe извештајот на СЈО
  • 03.05.2018

Извештајот за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзанин и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за периодот од 15.09.2017 до 15.03.2018 година денеска е на дневен ред на продолжението на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Ова ќе биде трет обид на пратениците да чујат од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева што сработило ова обвинителство и со какви предизвици се соочуваат.  

Образложувањето на Извештајот на СЈО пред членовите на Комисијата беше два пати одлагано.

Врз основа на Извештајот во овој шестмесечен период СЈО завело 136 предистражни постапки, отворило седум нови истражни постапки, а целосно се одобрени 15 обвиненија. Во истиот период, СЈО отворило седум нови истражни постапки против вкупно 17 физички лица. 

СЈО досега обработило 515.572 од вкупно 606.555-те аудио-фајлови со кои располага односно 85 отсто од „бомбите“ предадени од Зоран Заев, при што изработени се 1.784 транскрипти.

Back To Top