skip to Main Content

Тодоровиќ: Не ми е побаран никаков рекет, со 1ТВ имаме нормална соработка

Тодоровиќ: Не ми е побаран никаков рекет, со 1ТВ имаме нормална соработка
  • 04.07.2019

По организираната хајка против 1ТВ од страна на одредени новинари со низа написи, на која се приклучи и дел од опозицијата и посочи неколкумина бизнисмени, со коментар се огласи и едно од посочените лица. Имено, пратеникот Антонио Милошоски од собраниската говорница го праша премиерот дали е запознаен со шпекулациите дека сопственик на медиум изнудил 200.000 евра од поранешен градоначалник. Владимир Тодоровиќ кој индиректно беше посочен од пратеникот, ги демантира ваквите шпекулативни изјави.

Од истата собраниска говорница премиерот Заев рече дека се води истрага за индициите, за што подоцна беше демантиран од обвинителството кое соопшти дека собира информации, но нема наредба за спроведување истрага. Тодоровиќ вели дека не бил повикан во обвинителството, но подготвен е да даде изјава со цел да се расветлат неоснованите напади.

Сопственикот на Тинекс вели дека не ја знае причината за ваквите напади и дека тоа е работа на оној кој ги фабрикува. Додава и дека не им обрнува внимание на ваквите лажни напади. Се наметнува прашањето зошто преку вакви шпекулации, оние кои ги шират свесно сакаат да и нанесат штета на најмладата и најпрогресивната телевизија во земјава.

Back To Top