skip to Main Content

„Титаник 2“: Ибраими бара судот да ги прифати неговите докази

„Титаник 2“: Ибраими бара судот да ги прифати неговите докази
  • 03.12.2018

Со сослушување на сведокот Адмир Шабани денеска продолжи судењето во предметот „Титаник 2“ на СЈО. На почетокот обвинетиот Бедредин Ибраими имаше забелешка на записникот од минатото рочиште. Побара неговото образложение за предложените докази да се вметне во записникот.

Се повика на неговото право на правично и објективно судење за да може да достави докази и судот да ги цени и неговите факти, а не само фактите кои, како што кажа, се конструирани.

Бара судот да ги прифати предложените материјални докази од него и да бидат изнесени во постапката. Смета дека со право се сомнева во непристапноста на судот заради неизведувањето на доказите и неприфаќањето на се што предложил.

Смета дека СЈО намерно ги прикрива доказите за него.

На тоа обвинителката Фатиме Фетаи рече дека постои начин и можност правно да се справи со тоа доколку е вистина.

Сведокот Шабани одговара на директни прашања на одбраната.

Судијата даде пауза до 13 часот за одбраната да одлучи кои материјални докази ќе ги презентира со читање во судот.

Back To Top