skip to Main Content

„Титаник“ со рок од десет дена за увид во доказите

„Титаник“ со рок од десет дена за увид во доказите
  • 02.04.2018

Рок од десет дена добија обвинетите во случајот Титаник за увид во доказите. Адвокатите на првобвинетиот Никола Груевски, како и на останатите 20 обвинети, имаат можност секој ден до 12 април  во библиотеката на Кривичниот суд да вршат увид во доказите за изборните нерегуларности.

Судијата Осман Шабани не го прифати барањето на одбраната за подолг временски период и закажа  пет нови термини за мај, со напомена да не се заборави дека станува збор за еден од најголемите предмети на Специјалното јавно обвинителство.

По завршување на рочиштето судијата Шабани ги повика сите обвинети на заминување да земат и транскрипт од прислушуваните разговори. Во овој предмет СЈО има вкупно 1.068 прислушувани разговори како доказ кои се испишани на 25.000 страници  и поделени во 11 цедиња.

Предметот „Титаник“ е првиот случај што го отвори СЈО за повеќе кривични дела поврзани со изборни манипулации. Покрај екс-премиерот Груевски, на обвинителна клупа во новиот Кривичен суд седнаа и дел од поранешниот извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои, екс-министрите Миле Јанкиевски и Гордана Јанкуловска, шефот на кабинетот Мартин Протуѓер, пратеникот Илија Димовски, градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко и други.

Никола Груевски го бранат  шест адвокати.

Back To Top