skip to Main Content

Тимоние: На Северна Македонија местото и е помеѓу нас во ЕУ

Тимоние: На Северна Македонија местото и е помеѓу нас во ЕУ
  • 11.10.2019

Францускиот амбасадор Кристиан Тимоние изјави дека прашањето за датумот е едно, а друго се принципите, кои се важни колку што е важно и да соработуваме.

-Ако има нешто што нè обединува, нас европските претставници, тоа е едно нешто: на Северна Македонија, по сите досегашни напори и напорите што ќе следуваат, местото ѝ е помеѓу нас во ЕУ, да соработуваме.  Можам да ви кажам дека сме мотивирани за соработка, изјави Тимоние на новинарско прашање по свеченоста по повод 11 Октомври во Куманово.

Back To Top