skip to Main Content

Тимоние во обид да го амнестира Макрон: Одговорноста за недобивањето датум е и кај земјите кои дале преголеми надежи

Тимоние во обид да го амнестира Макрон: Одговорноста за недобивањето датум е и кај земјите кои дале преголеми надежи
  • 24.10.2019

Одговорноста за недобивање на датум за преговори не е само на Франција, туку и на земјите кои ѝ ветувале на Македонија дека на овој самит на ЕУ ќе биде доделен фамозниот датум, рече на прес- конференција францускиот амбасадор Кристијан Тимоние додаде дека откако се надминати емоциите, сега ќе треба да размислуваме потрезвено.

– Ги следевме сите реакции, а првата е разочарување. Одредени дадоа ветувања, а потоа ја префрлија грижата на другите. Сега и тие треба да поднесат одговорност, а всушност јавноста беше подготвена, а тоа беше дополнителен притисок останатите земји членки за да се произнесат позитивно. Требаше да се разговара за реформите, а потоа се случи чудна промена, тоа е дека поради Преспанскиот договор требаше да се даде позитивна оценка, а тоа не е само од власта, туку и од земји-членки. Од фундаменталните аспекти, се најдовме со прашања од геополитичка или геостратешка точка. Тоа не беше француската перспектива. Мислам дека перспективата, која од секогаш била јасна во француската страна беше пренесена на грчките и македонските соговорници, а таа беше загубена по пат. Ако јас треба да ги објаснам емоциите, ќе кажам дека разбирам и чувствувам. Кога три години го споделуваме животот со еден народ ги споделуваме и разочарувањата. Но има дипломатска област, политички разговори за иднината на ЕУ. Таа иднина се подготвува во перспектива со нови земји членки. Во ек сме со разговори за брегзитот, за финансискиот колач и сето тоа има влијание со проширувањето. Мисла дека треба да извлечеме поука од сето тоа, поука за нас, за моите власти но и за тие кои можеби од невнимание дале надежи, тие надежи остануваат наш фокус, Станува збор само за една етапа, тоа е пораката која сакам да ја пренесам до вас – вели Тимоние на прес конференција.

Според него, претседателот на Франција, Емануел Макрон јасно кажал дека има поразлична анализа од другите земји-членки на ЕУ.

– Претседателот Макрон многу јасно кажа дека тој има соптвена анализа поразлична од другите партнери. Тука набрзина беа презентирани како француско вето. Но имаше гсложена дискусија, нашата министерка направи цел извештај и имаше различни толкувања за Северна Македонија и Албанија, многу силни дискусии. Дали да се одвојат или да се поврзат Македонија и Албанија или не. Но тие толкувања завршија преку француско-германски предлог, кој не беше прифатен од страна на другите партнери. Тој предлог не беше усвоен. Жалам што тој предлог не беше задовоилувачки, не успеа и остана да се навратиме на одлуката на претстојнитиот самит во Загреб. Со тоа се овора прашањето за нашето сопствено функционирање, за функционирањето на Унијата. Што значи проширувањето – рече Тимоние.

Back To Top