skip to Main Content

Тече рокот за поднесување барање за амнестија откако Иванов го потпиша законот

Тече рокот за поднесување барање за амнестија откако Иванов го потпиша законот
  • 22.12.2018

Тече рокот за поднесување барање за амнестија откако пред два дена претседателот Ѓорѓе Иванов го потпиша Указот за Законот за амнестија. Ова значи дека обвинетите и осудените за упадот во Собранието од 27.април минатата година, кои сметаат дека ги исполнуваат условите, до 25.декември можат да поднесат барање да бидат амнестирани.

Според одредбите од Законот, ова право можат да го искористат пратениците кои се обвинети и за кои тече веќе судски процес, иницијаторите на протестите „За заедничка Македонија“, но не и лицата кои се посочени како организатори, кои извршиле насилство, носеле оружје или пак не постапиле согласно службената должност.

Двајца од обвинетите веќе најавија дека ќе поднесат барање за амнестија.

Законот за амнестија е подлежен на критики во јавноста и покрај големата поддршка со која што беше донесен во Собранието, со 95 гласа „за“ и ниту еден против.

Back To Top