skip to Main Content

Тетова Сот: Функционери од Македонија вмешани во корупциска афера која ја тресе Албанија

Тетова Сот: Функционери од Македонија вмешани во корупциска афера која ја тресе Албанија
  • 27.10.2019

Извори од албанското обвинителството известиле дека во тековната афера со отуѓување на имот во соседната земја, вклучени се и функционери од Македонија, кои со финансиските средства кои ги стекнале со корупција купиле недвижен имот на албанскиот брег, пренесува Тетова Сот.

Судот во Драч, пренесува порталот, денеска ја преиспитуваше одлуката, при што за дел од приведените и ја потврди одлуката од пред два дена за определување на притвор за 20 лица вклучени во скандалот за отуѓување на земјиштето во областа на заливот Лалез во соседна Албанија.

Меѓу приведените се поранешениот директор на катастар и поранешниот градоначалник на општина Ишми. Поранешни службеници во Катастарот во Драч и други лица беа вклучени во отуѓување на голема површина на земјиште во заливот Лалез. Рочиштето за преиспитување на нивните мерки на претпазливост се одржа под бројни полициски сили.

Back To Top