skip to Main Content

Тема на „Правда и неправда“: Поглавјето 23-Пандорина кутија или клуч за добро владеење?

Тема на „Правда и неправда“: Поглавјето 23-Пандорина кутија или клуч за добро владеење?
  • 07.06.2018

Предизвиците што ги носи отвoрањето на Поглавјето 23, коешто ги опфаќа можеби најтешките и најболни реформи што треба да ги направи Македонија на патот кон пристапување во Европската Унија беа предизвик и за Редакцијата на 1ТВ, која сакаше да даде свој придонес за ова важно прашање.

Во вторникот во Скопје, во големата сала на хотелот Холидеј Ин (Милениум 2) се оддржа завршна конференција на „Проектот Мрежа 23 +“, во организација на Институтот за европски политики и Хелсиншкиот комитет за човекови права и слободи на Македонија. Конференцијата беше насловена во форма на провокативно прашање: „Поглавјето 23-Пандорина кутија или клуч за добро владеење?“

Станува збор за обид на граѓанското општество да даде структуриран придонес во следењето и оценувањето на политиките  опфатени со Поглавјето 23 – правосудство и темелни права. Конференцијата беше поделена во четири тематски сесии: правосудство, борба против корупцијата, темелни права, како и сесија  посветена  на условите  потребни за „уживање на правата“ на државјаните на ЕУ, правата на глас (да гласаат и да се кандидираат на локални избори). Тоа беше убава можност на едно место да се слушнат мислењата на претставници на извршната и судската власт, како и на голем број експерти од земјава и странство. Беа презентирани и резултатите од неколку истражувања на грантисти од Мрежата 23 +, кои тангираат многу  суштински прашања  поврзани со овие  теми.

Со ослед на важноста на оваа конференција, авторот на емисијата „Правда и неправда“, Гордана Дувњак, реши да излезе од стандарниот формат и да ги пренесе во 50 минутниот термин најинтересните делови од набиената и амбициозна  агенда на конференцијата која траеше неколку часови.

Back To Top