skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Денеска во 18 часот седница на ЦО на СДСМ за кадровските промени
Последен ден од изборите во ЕУ, првичните резултати пред полноќ
Од среда започнува пријавувањето за социјална помош во центрите
Торонто влезе во големото НБА финале
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Тема во Студио 1: Дали децата кои се запишуваат во прво одделение треба да се вакцинирани?

Тема во Студио 1: Дали децата кои се запишуваат во прво одделение треба да се вакцинирани?
  • 15.05.2019

Министерот за образование Арбер Адеми беше гостин во Отворено Студио 1 каде со уредникот Ацо Кабранов зборуваа за тоа дали децата кои се запишуваат во прво одделение мора да се вакцинирани против морбили.

Министерот Адеми истакна дека се зема во предвид загриженоста на родителите и токму затоа, училиштата ќе ги примаат документите за запишување на децата кои ќе бидат вакцинирани.

„Кога се работи на вакцина на децата разгледавме повеќе опции земајќи ја во предвид кристално чистата одредба дека основното образование е бесплатно и задолжително,  но тука треба да се земе во предвид здравјето на децата и целото општество. Министерството за здравство и пред тоа спроведе теренска вакцинација. Дискутиравме за отворање пунктови за време на уписот и за време на летниот распуст, да им се даде можност на сите деца да се вакцинираат и да ја започнат учебната година како што треба. Имајќи ги во предвид загриженоста на родителите, вториот заклучок на Владата е дека мораат училиштата да ги примат документите за запишување за децата кои ќе бидат вакцинирани. До ваква опција дојдовме поради потребата од вакцинација и решението од Уставен суд од 2014 година, каде се третира ова прашање и каде се вели дека не претставува дискриминација ако при уписот се бара потврда соодветна за примени задолжителни вакцини.

Темелните вредности се загарантирани со Устав, правото на образование и здравје. Не можам да претпоставам дали некој ќе тужи, но секој слободно може да преземе активности, ако смета дека некое право му е скратено. Целиот случај заслужува организиран пристап од институциите. Сме во комуникација и ја следиме ситуацијата, за да можеме да делуваме“, рече Адеми.

Учебата година е пред самиот крај, а според Договорот од Преспа логично би било и свидетелствата да се со новото име на државата, а според Адеми образованието треба да се држи настрана од политиката и да не се користи како подрачје за креирање тензии.

„Имаме Преспански Договор и уставни промени кои важат и за педагошката евиденција. Логично би било да се истакне новото име на нашата татковина. Често велам дека во образованието не треба да се креираат тензии и политика и се трудиме да сме настрана од големите политички прашања, но по мое лично мислење Договорот од Преспа е историски договор за нови перспективи. Секоја земја се труди да отвори нови перспективи, мостови иако се уште се соочуваме со проблеми, како што е иселувањето“.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top