skip to Main Content

Телата на загинатите во авионската несреќа кај Солунска Глава ќе бидат транспортирани во Бугарија

Телата на загинатите во авионската несреќа кај Солунска Глава ќе бидат транспортирани во Бугарија
  • 05.04.2019

Во Институтот за судска медицина завршија анализите на починатите во падот на „цесната“ кај Солунска глава, а телата на загинатите денеска треба да бидат транспортирани во Бугарија и предадени на роднините.

Во меѓувреме, тече истрагата, чиишто први резултати се очекуваат за нешто помалку од еден месец. Истата треба да ги потврди сомнежите дека авионот се урнал поради лошите временски услови и недоволно искуство на пилотот. Од комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти велат дека во леталото немало црна кутија која би ја олеснила истрагата.

Остатоците од авионот остануваат на местото на несреќата поради снегот кој им ја отежнува работата на истражните органи. Од таму велат дека нема опасност за оштетување на доказите.

Земени се примероци од горивото, се прибираат и дополнителни информации за извештајот од метеролошката станица и историјат за искуството на пилотот.

Back To Top