skip to Main Content

Ташко Дојчинов поднесе оставка на функцијата претседател на Советот на Општина Гевгелија

Ташко Дојчинов поднесе оставка на функцијата претседател на Советот на Општина Гевгелија
  • 09.09.2019

Претседателот на Советот на Општина Гевгелија, Ташко Дојчинов, поднесе до градоначалникот Сашо Поцков оставка на функцијата претседател и член на општинскиот Совет која беше очекувана откако Комисијата за спречување на корупција неодамна му изрече јавна опомена согласно член 79, став 2 од Законот за спречување корупција и судир на интереси.

Постапувајќи по предмети од областа на судир на интереси, Комисијата кај Дојчинов констатирала состојба на судир на интереси поради повреда на член 44 од Законот бидејќи тој покрај функцијата претседател на Советот на Општина Гевгелија, ја извршува и функцијата член на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос.

Веста ја потврдија од општината каде очекуваат на наредната седница советот да ја констатира оставката, да избере нов член на советот од листата на СДСМ и коалицијата и да избере нов претседател на советот на Општина Гевгелија

Back To Top