skip to Main Content

Тачи: Џафери имаше големи заслуги за унапредување на правата на Албанците во Македонија

Тачи: Џафери имаше големи заслуги за унапредување на правата на Албанците во Македонија
  • 15.08.2018

Косовскиот претседател Хашим Тачи, по повод шестата година од смртта на поранешниот лидер на Демократската партија на Албанците и еден од потписниците на Охридскиот рамковен договор, Арбен Џафери, потсети на неговата улога во унапредувањето на правата на Албанците во Македонија.

Тачи го оценува починатиот лидер на Албанците во Македонија, како еден од најголемите албански политичари и интелектуалци.

– Пред шест години почина еден од најголемите политичари и интелектуалци на албанскиот свет, Арбен Џафери. Неговиот придонес како лидер на Албанците во Македонија за унапредување на нивните права беше извонреден. Арбен Џафери ќе се помни како политичар кој мудро ја синтетизираше модерната политичка мисла врз една позитивна национална платформа, напиша Тачи на Фејсбук.

Back To Top