skip to Main Content

Тачи: Со мојот скромен авторитет ги повикувам сите граѓани да гласаат ЗА на референдумот

Тачи: Со мојот скромен авторитет ги повикувам сите граѓани да гласаат ЗА на референдумот
  • 12.09.2018

„Косово дава потполна поддршка за да се движите напред кон ЕУ и НАТО. Со мојот скромен авторитет ги повикувам сите граѓани да гласаат ЗА на референдумот зошто тоа ќе значи мир за целиот Балкан вклучувајќи го и Косово“, ова го изјави косовскиот претседател Хашим Тачи, на денешната средба со премиерот Заев.

Тачи говорејќи за решение за спорот со Србија изјави дека демаркација ќе има, преговорите ќе бидат тешки ама ќе бидат успешни. Според него потребен е мир на целиот Балкан, а тоа се постигнува со соработка меѓу лидерите.

Заев пак, најави нов граничен премин меѓу Македонија и Косово и заеднички комитет за заедничка соработка. Според него помеѓу Македонија и Косово нема отворени прашања

„Наше е да возвратиме на поддршката за да го решат спорот со Србија“, изјави претседателот на Владата Зоран Заев.

Одговорајќи на новинарско прашање за вчерашниот прес на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и фрлената ракавица за ТВ дуел, Заев со одговор:

„Јас сум промотор на дебата. Бојкотирањето не е основ за да се разговара. Нека каже Мицкоски дека е против бојкот, одма ќе седнеме на дебата“.

Back To Top