Очаен татко повеќе од 15 часа е во потрага по својот син Седат Реџепи, кој вчера бил во автобусот што се преврте на автопатот Скпје-Тетово, а од несреќата загинаа 14 лица.

Тој моли за било каква информација бидејќи не може да го пронајде својот син иако проверил во сите болници, а според објавениот список неговото име не е меѓу загинатите.

Седат се враќал од работа со автобусот кој околу 16 часот се преврте на автопатот Скопје – Тетово.