skip to Main Content

„Таргет – Тврдина“: Вработен во УБК наместо на инспектор му се јавил на „таргетот“ кој го прислушувал

„Таргет – Тврдина“: Вработен во УБК наместо на инспектор му се јавил на „таргетот“ кој го прислушувал
  • 19.04.2019

На денешното рочиште за случајот „Таргет и Тврдина“, односно за нелегалното масовно прислушување, сведочи сведокот Звонко Костовски, кој заедно со Ѓорѓи Лазаревски ја открија аферата во УБК.

Сведокот Костовски вкрстено го испрашуваше обвинетата Надица Николиќ, која била началник во УБК.

На прашањето на Николиќ нели е точно дека операторите имале шифрирани кориснички имиња за да не се знае кои се, поради нивна безбедност, етничка припадност и слично, на што Костовски истакна дека шифрите биле ставени по наредба на Горан Грујевски, за да не се дознае и да се заборави кој имал пристап до системот за прислушување.

Тој рече дека операторите не биле тајни, бидејќи често комуницирале со инспекторите од УБК по телефон, кога имало итна ситуација. Во тој контекст тој посочи и еден пример за хаосот кој владеел во УБК, јавува фокус.

-Имаше случај кога репродуцер (тој што ги снима и слуша разговорите) наместо на инспекторот се јави кај таргетот (лицето што било прислушувано), рече сведокот Костовски.

Тој повтори дека началниците од УБК имале пристап до транскриптите на прислушуваните разговорите бидејќи имале компјутери во своите канцеларии на кои била инсталирана апликација во која се пишувале транскриптите.

Back To Top