skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Германски печат: ЕУ земјите подготвени да ја прифатат само Северна Македонија
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја бара
Шекеринска: Земјава за една година направи скок од 23 места во однос на стабилноста
Новата амбасадорка на САД во земјава положи свечена заклетва
Сведок од УБК: До системот за прислушување се пристапуваше и надвор од МВР, од поранешниот Аеро клуб
Министерството за правда ги објави извештаите од надзорот во судовите за АКМИС системот
ОН: Светот до 2050 година ќе брои 9,7 милијарди луѓе
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Таравари даде отчет за сработеното во првата година од градоначалничкиот мандат

Таравари даде отчет за сработеното во првата година од градоначалничкиот мандат
  • 01.11.2018

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари денеска со видео презентација на реализираните проекти даде отчет за сработеното во првата година од неговиот мандат.

Во обраќањето, Таравари напомена дека општината во рок од една година забележала, како што рече, видни резултати во споредба со многу поразвиените општини со поголем буџет и силна поддршка од централната власт.

– Овој успех јас им го препишувам на моите соработници, општинската администрација и на граѓаните на Гостивар. Не верував дека толку многу ќе влијаат поединци и кругови, кои за да ме спречат мене, подготвени се да земат „на врат“ цел град, но за среќа не им успева, рече Таравари.

Искажа и благодарност до соработниците за кои, како што рече, се согласиле да работат и без надомест поради скратениот буџет.

Како најуспешни ги спомена активностите во културата, спортот, социјалната заштита, подобрувањето на квалитетот на живеење на маргинализираните групи и социјално загрозените лица.

Злоупотребите во урбанизмот, како што рече, се сведени на минимум. Легализирани се 954 бесправно изградени објекти, а завршени или во постапка се повеќе урбанистички планови. Издадени се 99 градежни дозволи од кои девет се за колективни станбени згради.

Буџетот на општина Гостивар до крајот на годината се очекува да има реализација од над 80 проценти, без ребаланс, измени или кратење, а постигнато е и зголемување на буџетските приходи за околу 10 проценти.

Таравари напомена дека за една година општината инвестирала меѓу два и три милиони евра, а во наредните три години инвестициите ќе се достигнат најмалку 10 милиони евра.

Back To Top