skip to Main Content

Судскиот совет и судиите си ги зголемија платите, администрацијата размислува за штрајк

Судскиот совет и судиите си ги зголемија платите, администрацијата размислува за штрајк
  • 20.12.2018

Членовите на Судскиот совет вчера донеле одлука да си ги зголемат платите за 35 отсто. Како што ексклузивно дознава 1ТВ одлуката има ретроактивно дејство што значи дека ќе се бара исплата на надоместок на платата за околу 21.000 денари повеќе и за месеците септември и октомври 2018 година.

Претседателот на Судскиот совет и воедно претседател на Судскиот буџетски совет  Зоран  Караџоски во емисијата „Правда и неправда” на 1ТВ најавата за ваквата одлука ја правдаше со одредби од Законот за судски совет.

Како што дознава 1ТВ во секој момент треба да започне седницата на Синдикатот на управата, судските органи и здруженија на граѓани на која меѓу другото ќе се расправа и за последната одлука на Судскиот совет. Дознаваме дека не е исклучена можноста денеска да биде донесена одлука за стапување во штрајк.

Back To Top