skip to Main Content

Судскиот совет денеска ќе го разреши Јово Вангеловски?

Судскиот совет денеска ќе го разреши Јово Вангеловски?
  • 10.09.2019

Судскиот совет одржува нова седница, на чиј дневен ред има точка насловена: „Расправа по извештаите на комисиите за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд“, пренесува 360 Степени.

Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев, во изјава дадена пред седницата, не сакаше да прецизира дали под оваа точка ќе се расправа за евентуално разрешување на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, како што најавија извори од Советот.

Медиумите не можат да присуствуваат на тој дел од седницата, бидејќи јавноста е исклучена кога на дневен ред се точки со таква содржина.

Back To Top