skip to Main Content

Судот ја одби молбата – Кочан нема да куртули од затвор

Судот ја одби молбата –  Кочан нема да куртули од затвор
  • 05.07.2019

Кривичниот суд ја одбил молбата од Сеад Кочан за одлагање на извршувањето на санкцијата.

„Молбата е одбиена како неоснована и истата е доставена до странките во постапката“ рекоа од Судот.

Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје, надлежен да постапува по предметот од обвинителството означен како „Труст“, изготви и достави упатен акт за Сеад Кочан, според кој тој на 17 јули треба да се јави на издржување на казната затвор во наведената казнено поправна установа, соопштија од Судот.

Кочан со правосилна пресуда е осуден на ефективна казна затвор од 4 години и 8 месеци откако Апелација во март годинава му ја намали првостепената казна од 6 години на која беше осуден за злоупотреба на јавна набавка во јули 2018.

Неодамна ОБСЕ реагираше дека предолго трае постапката од издавањето наупатниот акт до денот кога треба да започне издржувањето на затворската казна. Овој рок за Никола Груевски траеше 20 дена, а за Кочан е уште подолго- 27 дена.

ОБСЕ побара законски да се намали овој рок.

Кочан побара да му се одложи издржувањето на затворската казна според една од осумте точки предвидени во законот која се однесува на итна незавршена работа и законот  предвидува дека осудениот може да добие одложување на казната до најмногу 3 месеци.

Back To Top