skip to Main Content

Судија го посети затворот во Шутка, разговарал со Јанакиески и Ристовски, состојбата денеска е мирна

Судија го посети затворот во Шутка, разговарал со Јанакиески и Ристовски, состојбата денеска е мирна
  • 22.02.2019

Судија при Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска изврши редовна посета на КПУ Затвор – Скопје при што разговарал со обвинетите М.Ј. и С.Р кои вчера беа физички нападнати во затворот. При посетата е констатирано дека состојбата во Затворот денеска е мирна, без нарушување на редот и мирот, а сите активности на притворените лица се одвиваат непречено.

Обвинетиот М.Ј. пред судијата изјавил дека по вчерашниот инцидент се здобил со повреди по што бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде му е укажана медицинска помош. Со оглед да чуствувал болки на телото, препишана му е соодветна медицинска терапија кој од денеска редовно ја прима.

Притворените во установата не навеле други забелешки кои се во надлежност на судот, но и покрај тоа Основниот суд Скопје 1 – Скопје препорачува на управата на Установата да ги преземе сите мерки за расчистување на случајот и да направи ревизија на распоредите за прошетки на свеж воздух на притворените лица со што во иднина нема да овозможи лицата кои учествувале во вчерашниот инцидент повеќе да не се среќаваат во дворот на Затворот.

Дополнително Основниот суд Скопје 1 – Скопје ќе се обрати до Управата за извршување санкци со барање да изврши анализа и да предложи други Казнено поправни установи во земјата кои имаат соодветни услови за одредени притвореници кои сметаат дека не се безбедни во Затворот – Скопје, да се префлрат во тие установи се до истек, промена или укинување на определната мерка притвор. Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.

Back To Top