skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Обвинителството го стави под лупа бегството на Груевски
1ТВ ја презеде медиумската лидерска позиција
Европските Зелени го обвинуваат Орбан дека се обидува да предизвика конфликт
Заев: Груевски е кукавица, категорично ги отфрлам сите шпекулации за каков било политички договор со него
Груевски илегално влегол во Албанија, а со пасош излегол на границата со Црна Гора
Иванов одбива каква било инволвираност во врска со донесената судска одлука за Јанакиески
Заев-Борисов: Нашите две земји се пример за новата реалност на Балканот
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Судењето за „Топлик“ продолжува на 21 септември

Судењето за „Топлик“ продолжува на 21 септември
  • 14.09.2018

Судењето за „Топлик“, каде првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште продолжува на 21 септември.

Процесот продолжува со доказна постапка и предвидено да бидат сослушани пет сведоци, предложени од обвинителството. Претседателот на судечкиот совет Осман Шабани, информира дека тројца сведоци, кои не беа присутни на денешното рочиште, да бидат приведени со полиција, додека за двајца да бидат испратени покани.

На денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје беа сослушани двајца сведоци кои биле вработени во Министерството за транспорт и врски и биле дел од Комисија за јавно наддавање.

На прашања од обвинителот од СЈО Бурим Рустеми, сведоците во своите искази објаснија дека биле дел од Комисијата, но откако на состанок била разгледана утврдиле дека доставената документацијакоја била некомплетна, комисијата донела решение да не биде објавена на јавно наддавање, а тие побарале да бидат исклучено од Комисијата.

Двајцата сведоци, кажаа дека не знаат како течела понатаму постапката, бидејќи, како што рекоа повеќе не учествувале во работата на Комисијата. Едниот сведок во својот исказ кажа, дека не добила писмена потврда оти е исклучена од Комисијата, но дека повеќе не учествувала во нејзината работа и од медиумите дознала дека Министерството извршило објава за јавно наддавање. Вториот сведок во својот исказ, објасни дека по состанокот на кој бил претставен графички приказ за опфатот на катастарски парцели на „Сончев град“ и била донесена одлука да не се објавува за јавно наддавање поради нецелосна документација, таа побарала изземање од Комисијатаза. Појасни дека намала никаков притисок за објавата и понатаму не учествувала во работата на Комисијата.

Според обвинението на СЈО, првоосомничениот Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во износ од еден милион евра да му исплати долг и затезна камата на правното лице „Сан сити“.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top