skip to Main Content

Судењето за „Рекет“ стартува пред Нова Година?

Судењето за „Рекет“ стартува пред Нова Година?
  • 12.10.2019

Во четвртокот Oбвинителствотоза гонење на организиран криминал и корупција информираше дека е поднесен обвинителен акт за случајот „Рекет“. Сега одбраната има право да поднесе приговор на обвинението, по што ќе следи негова оценка во Кривичниот суд.

Ирена Фрчкоска, адвокатката на екс специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, за „Фокус“ вели дека поради неработните денови се уште не го добиле обвинението.

Според Законот за кривична постапка, обвинението прво оди на оцена, за да се одлучи дали воопшто ќе има судење. При оцената, судијата поединец или советот можат да одлучат да го одобрат обвинителниот акт, да го отфрлат или доколку утврдат технички грешки да го вратат назад кај обвинителот на поправка.

Back To Top