skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева ќе сведочи пред Русковска во 10 часот во вторник
Јанева негира дека дала наредба за претрес на обвинителите
Обвинителот Рустеми сведочи во ОЈО
Стефанова за комуникацијата меѓу Јанева и Камчев: Не сум експерт за криминал
Скопје и Софија ја интензивираат соработката во одбраната
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Структури на МВР им помогнале во бегството на Грујевски и Бошковски – СЈО во „Правда и неправда“

Структури на МВР им помогнале во бегството на Грујевски и Бошковски – СЈО во „Правда и неправда“
  • 30.01.2019

Специјалниот обвинител Трајче Пеливанов вели дека СЈО веќе ја има целосната слика за бегството на Горан Грујевски и Никола Бошковски, кои беа уапсени во Грција, на пат за Будимпешта.

-Веднаш по апсењето во Грција, инициравме постапка за екстрадиција и отворивме предистражна постапка врз основа на претходни сознанија за нивната логистика и бегството од Македонија во време кога нашиот предлог за притвор за предметот „Таргет-Тврдина“ патуваше од Апелација до Врховниот суд, вели тој.

Според него, секогаш може да се каже и дека можело и дека не можело да се спречи нивното бегство, но во тој период, според одлуката на Апелација имале можност за жалба, период кој го искористиле за бегство.

Според резултатите од предистрагата, како што додава, нивното бегство е целосно расчистено, се знае кој им помагал, дури и во одредени структури на МВР, преминот преку кој ја напуштиле Македонија.

-Нашите сознанија упатуваат и на помош од одредени структури во МВР при нивното напуштање на Македонија и по завршувањето на предистрагата, која е во завршна фаза, ќе донесеме одлука дали и против кого ќе покренеме постапка, вклучувајќи и одредени припадници на МВР, рече Пеливанов.

Back To Top