skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Обвинителството го стави под лупа бегството на Груевски
1ТВ ја презеде медиумската лидерска позиција
Европските Зелени го обвинуваат Орбан дека се обидува да предизвика конфликт
Заев: Груевски е кукавица, категорично ги отфрлам сите шпекулации за каков било политички договор со него
Груевски илегално влегол во Албанија, а со пасош излегол на границата со Црна Гора
Иванов одбива каква било инволвираност во врска со донесената судска одлука за Јанакиески
Заев-Борисов: Нашите две земји се пример за новата реалност на Балканот
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Стојановски: Охрид се труди за добра туристичка сезона и покрај лошите финансии

Стојановски: Охрид се труди за добра туристичка сезона и покрај лошите финансии
  • 10.07.2018

Охрид не може да смета на приходите од туристичката сезона за поплнување на јавниот долг, како една од најзадолжените општини, затоа што финансиите ги добива од даноците и други придонеси, вели градоначалникот Јован Стојановски. Сепак, очекува побогата туристичка сезона, со повеќе странски и домашни гости, како тренд од претходните години.

-Изминатите години расте бројот на домашните посетители, но анализирано од претходните туристички движења, платежната способност или потрошувачката на туристите коишто доаѓаат во Охрид се намалува. Туристот којшто доаѓа троши се помалку и помалку во Охрид. Тоа е лошо и на тоа треба да се работи во наредните години, вели тој.

Градоначалникот најави дека, како и секоја година, иако е најзадолжена, општината во рамките на можностите ќе издвои средства за подобрување на туристичката понуда, правејќи баланс со барањата на ревизорите да се штеди и очекувањата на граѓаните да се завршат веќе платените инфраструктурни проекти.

За мораториумот за градба што го бараат еколошките организации, Стојановски вели дека тој практично е во сила, затоа што донесувањето на урбанистичките планови оди бавно или воопшто.

-Мораториумот е тешка одлука на којашто не знам колку општина Охрид, а дури и централната власт може да се одлучи во овој момент затоа што мораториумот би го спречил процесот на урбанизација и развој кој е потребен во Охрид, а општините во најголем дел живеат од тие надоместоци за уредување на градежното земјиште. Од друга страна, неконтролираната урбанизација води до она до коешто сме стигнати денеска, можноста да го изгубиме статусот на град заштитен од УНЕСКО, објаснува Стојановски.

Тој најави период на балансирано планирање и носење на урбанистички планови, но во рамките на умерен развој на градот Охрид, пред се во селските и руралните средини и крајбрежниот појас, за да се спречи појавата на дивоградби.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top