skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Стојановски: Аболицијата е инструмент на скршени општества, правото и човековите права на демократијата

Стојановски: Аболицијата е инструмент на скршени општества, правото и човековите права на демократијата
  • 09.07.2018

Идентификацијата и приведувањето на двајца осомничени за нападот на 21-годишниот навивач на „Комитите“, Никола Саздовски, беше брза, но важно е да се комплетира случајот и со третиот. Законот дозволува преквалификација на делото од напад во убиство, смета проф. д-р Трпе Стојановски и очекува Обвинителството да ја порамни што побрзо разликите меѓу првичната квалификација на полицијата и реалноста на кривичното дело.

-Пристапот спрема овој, но и други настани каде што има насилство мора да биде потемелен и поиздржан бидејќи ова не е прво промашување на квалификацијата од полицијата, вели тој.

Стојановски смета дека и покрај брзата реакција, од МВР не кажале ништо за превенцијата. Според него, не треба да се прават споредби на овој случај со обидот за убиство на пратеникот Села во Собранието, затоа што секој случај е сам за себе. Сепак, како што вели, ако има отстапување во висината на казните, а нашата судска пракса е богата со лоши примери од последните 10-15 години, никој не може да и го скрати правото на јавноста да споредува и да реагира таму каде што ќе утврди нелогичност. Стојановски смета дека опозицијата може да бара оставка од надлежниот министер, но тој не е директно поврзан со случајот, туку ги менаџира професионалноста и политиките на МВР.

-Конкретниот министер, сметам дека придонесува за стабилизација и за подигнување на нивото на професионалност во МВР. Недостасува враќање кон испробаните и потврдени решенија – квалитетна селекција, тренинг и интегритет што им се потребни на полициските службеници и на сите останати, обвинителството и судиите уште повеќе, вели тој и додава дека се уште живееме под импресии на поранешното лошо судство и обвинителство.

Стојановски смета дека аболицијата не е блиска до владеењето на правото, туку е инструмент кој може да биде решение за смирување на некој конфликт, а е карактеристична за скшени општества, додека во демократијата клучни се владеењето на правото и човековите права. Кај нас, објаснува, политичките партии промовираат правила што се поблиски до коруптивно однесување отколку до вредности кои му требаат на демократското општество.

Back To Top