skip to Main Content

Стоилковски: Името ќе го решаваат следните влади се додека не се најде компромис

Стоилковски: Името ќе го решаваат следните влади се додека не се најде компромис
  • 01.06.2018

Пред големиот протестен митинг со кој ВМРО-ДПМНЕ, портпаролот на партијата Наум Стоилковски објаснува зошто се незадоволни од актуелната влада по само една година на власт. Немаме повеќе пари, не напредуваме во кариерата или во бизнисот, цената на дизелот и воопшто на горивата е поскапа, стравуваме од сметките за храна и домување, вели тој и додава дека економијата е само еден дел од незадоволството.

-Колку граѓаните веруваат во судството денеска? Колку веруваат во ослободителната пресуда за премиерот Зоран Заев кој од обвинителната клупа најавуваше реформи во судството и повторно од судот седна на чело на телото за реформи на судството, вели Стоилковски.

Според него, треба да се помисли колку кристално чисти препораки добиле македонските влади до сега, но пред нив секогаш стоело едно прашање, а сега тоа треба да се решава со разединета влада, со Беса која е создадена како контрапункт на ДУИ и СДСМ која ветувала дека ќе ги казни сите криминалци од партијата на Ахмети.

-Ова е протест, а не митинг на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е протестен митинг во организација на ВМРО-ДПМНЕ, каде што треба да дадеме една слика за власта оваа една година, од друга страна ќе се претстави дел од новата програма што се подготвува и од утре почнува она жешко лето како најава за почеток на падот на оваа октроирана власт во Р. Македонија, порача Стоилковски.

За неодамнешната анкета на која се гледа дека премиерот Заев сериозно предничи со рејтингот пред лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, тој вели дека не верува оти луѓето реално одговараат на телефонски анкети.

-Не коментирам анкети, особено во услови кога се спроведува политички терор врз секој што не е истомисленик на оваа власт, изјави Наумовски.

Тој потсети на нон-пејперот од неколку држави од ЕУ и тврди дека работата не е толку кристална како што се обидува да ја прикаже владата. Според него, ако Македонија не го затвори прашањето за името на начин на којшто го бара Грција, тоа не е безусловна препорака.

-Името ќе дојде на маса кај следната и следната влада, се додека не се најде компромис којшто ќе ги зачува македонското достоинство, идентитет, посебност во тие преговори, вели Стоилковски.

Запрашан за тоа која алтернатива би ја предложило ВМРО-ДПМНЕ за решавање на спорот за името, тој вели дека тоа треба да биде во рамките на процесот почнат во ОН, кој може да трае се додека не се најде компромисно решение. Стоилковски го критикуваше премиерот Заев дека излегол од овој процес и не информира дека никој друг во државава не знае за што разговара со грчката страна.

Back To Top