skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Коѕијас: Се надевам дека сѐ ќе биде во ред со Договорот од Преспа
Мирослав Хованчик: Може да се очекува нов голем мигрантски бран кон Европа
Продолжува судењето за „Монструм“
Собраниската седница за уставни измени продолжува, власта и опозицијата останаа на истите ставови
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Стефанов: ЕУ бара многу работа, но и гарантира раст

Стефанов: ЕУ бара многу работа, но и гарантира раст
  • 04.09.2018

Пред се, кога се работи за НАТО, важни се две работи: стратешка безбедност како и колективна безбедност, што значи дека Бугарија веднаш беше рангирана како земја со помал ризик, што ја повлекува втората работа – многу повеќе инвестиции. Луѓето сфаќаат дека се работи за безбедна држава со сигурни институции, што значи дека можат да инвестираат слободно, вели Руслан Стефанов од Центар за изучување на демократијата.

Според него, доколку референдумот во Македонија помине успешно, тоа ќе биде само почетокот на зајакнувањето на институционалните капацитети, бидејќи тоа е придобивка од ЕУ – многу работа, гарантиран раст, но не и дека ќе станете ѕвезда.

-Ѕвезда се станува само доколку се работи локално, а политичарите ја имаат најголемата одговорност. Тие мора да покажат лидерство и умешност и тоа е тешко. Мора да имате и лидер кој ќе се сплоти со граѓаните и ќе ги придобие, но исто така мора да биде вешт. Мора да бидат подготвени да ги донесат сите овие тешки реформи, а тоа не е лесно, додава Стефанов.

За поларизацијата на политиката во Македонија, според него, политичарите имаат голема одговорност, бидејќи тоа што ќе ги направи граѓаните горди на својата држава, не е името или пријателството со соседските земји, туку да се живее квалитетно.

-Тоа е тоа што е навистина важно, бидејќи на крајот од денот луѓето треба да имаат можност за свој бизнис, да го прават тоа лесно и никој да не ги малтретира. Ако се направи грешка, да се има можност таа да се исправи, или ако некој е корумпиран, дека ќе сноси одговорност и ќе заврши во затвор. Ова е најголемиот проблем во регионот. Ние не сакаме да сносиме одговорност за нашите грешки. Луѓето крадат пари, има јасна корупција низ целиот регион, вклучително и во оваа држава. Но тие не завршуваат во затвор. Затоа на гласачите се им е исто. Она на што е потребно да се стави фокус се реалните проблеми. Ќе се добијат пари од ЕУ, дури и сега Македонија добива многу пари. Бугарија добива уште повеќе бидејќи е членка. Но како се трошат тие е најважно, вели Стефанов.

Тој смета дека Македонија ќе ја видиме во НАТО, но треба да бидеме реални дека не е од исклучителна важност, колку што е дел од сложувалката. Според него, треба да се тргнат на страна сите политички прашања за името и да се почне со работа на важното – подобрување на животот на луѓето и функционална демократија.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top