skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Стефанова не открива детали од распитот во Обвинителството

Стефанова не открива детали од распитот во Обвинителството
  • 13.08.2019

Пет часа траеше распитот на Обвинителката Лиле Стефанова за случајот „Рекет“. Стефанова во изјава за медиумите вели дека не може да открие детали од исказот кој го давала како сведок пред Обвинителката Ивана Трајчева.

За разлика од вчера и утрово, Стефанова „се охрабри“ да излезе пред новинарите, но кусо изјави дека дошла во својство на сведок и дека не може да сподели информации со јавноста, имајќи го предвид нејзиниот статус на сведок.

„Сѐ што можев да споделам со јавноста јас споделив во даденото соопштение во петокот“, рече Стефанова.

Додека таа заминуваше со возилото новинарите инсистираа со прашања, меѓу кои и зошто ако имала несогласувања со Јанева од порано, не кажала уште тогаш. На прашањата поврзани со бизнисменот Ванчо Чифлиганец, таа на заминување прокоментира дека неа никој не ја демантирал.

Инаку од Обвинителството за организиран криминал и корупција потврдуваат дека на распит треба да дојде и Катица Јанева но не откриваат кога тоа ќе се случи.

Стефанова е втора обвинителка од СЈО која дава исказ за Рекет. Вчера на распит беше Обвинителката Елизабета Јосифовска.

Back To Top