skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ЈО побара продолжување на притворот на Јанева за нови 30 дена
Калајџиев ќе биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нов Јавен обвинител?
Алијанса за Албанците: Режимот ВМРО-ДУИ го монтираше, судовите на СДСМ-ДУИ пресудија, бараме меѓународна истрага за „Диво Насеље“
Македонија ги исполни сите услови – на ред е ЕУ

Средба Џафери-Соботка: Надградување на постојните односи на парламентарно и државно ниво

Средба Џафери-Соботка: Надградување на постојните односи на парламентарно и државно ниво
  • 05.11.2018

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска се сретна претседателот на Националниот совет на Република Австрија, Волфганг Соботка, кој престојува во еднодневна официјална посета на нашата земја.

На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, двајцата државници се согласиле дека меѓусебните односи се многу добри и се заложиле за понатамошно и континуирано одржување и надградување на постојните односи, како на парламентарно така и на државно ниво.

Џафери го информирал Соботка за активностите во Собранието и  за последните актуелности на нашата политичка сцена и воедно се заблагодарил на безрезервната поддршка што Република Австрија ја дава на Република Македонија во нејзините напори за интегрирање во евроатланските структури, поддршка што е поткрепена и со Стратегијата на Европската комисија за Балканот, но и со актуелната улога на претседавач со Европската унија.

Во соопштението е наведено дека Соботка го поканил Џафери во официјална посета на Република Австрија и дека за време на посетата се очекува двајцата претседатели на парламенти да потпишат Меморандум за разбирање, како основа за професионална соработка помеѓу службите на Собранието на Република Македонија и Националниот совет на Република Австрија.

Претседателот на Националниот совет на Република Австрија, Соботка денеска се обрати пред пратениците во законодавниот дом на Република Македонија и се потпиша и во Книгата за впечатоци.

Back To Top