skip to Main Content

Средба на министерот Адеми со британската амбасадорка Галовеј

Средба на министерот Адеми со британската амбасадорка Галовеј
  • 13.09.2018

Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска оствари средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во Република Македонија Рејчел Галовеј, на која ја информираше за тековните реформски заложби на Владата за квалитетно и достапно образование и за унапредување на меѓународната соработка.

Како што соопшти МОН, Адеми нагласил дека еден од владините приоритети е приближување на квалитетот на националниот образовен систем до стандардите на високоразвиените земји, посочувајќи го како пример и Обединетото Кралство.

– За време на средбата двајцата соговорници се осврнаа на досегашната успешна соработка меѓу двете земји во областа на образованието, како и на идните планирани и можни заеднички активности во насока на обезбедување заемна корисност, преку нудење на што повеќе и подобри образовни можности за граѓаните, информира МОН.

Back To Top