skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Германски печат: ЕУ земјите подготвени да ја прифатат само Северна Македонија
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја бара
Шекеринска: Земјава за една година направи скок од 23 места во однос на стабилноста
Новата амбасадорка на САД во земјава положи свечена заклетва
Сведок од УБК: До системот за прислушување се пристапуваше и надвор од МВР, од поранешниот Аеро клуб
Министерството за правда ги објави извештаите од надзорот во судовите за АКМИС системот
ОН: Светот до 2050 година ќе брои 9,7 милијарди луѓе
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Средба Катругалос – Османи и состанок на македонската и грчката делегација во МНР на Грција

Средба Катругалос – Османи и состанок на македонската и грчката делегација во МНР на Грција
  • 01.11.2018

Кусо пред 16 часот по локално време во грчкото МНР започна тет-а-тет средбата на заменик претседателот на македонската Влада, Бујар Османи со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција задолжен за европски прашања, Јоргос Катругалос.

По тет-а-тет средбата што траеше околу 20 минути, започна состанокот на двете делегации составени од претставници од СЕП и МНР на Македонија и претставници на грчкото МНР.

На средбата според најавите, се очекува да стане збор за односите меѓу двете земји, Договорот од Преспа и обврските што тој го создава за двете земји, за мерките за градење доверба,  унапредување на билатералните односи, за поддршката од страна на Грција за македонската евро-аталантска интеграција.

По разговорите и изјавите за медиумите, алтернативниот шеф на грчката дипломатија Јоргос Катругалос ќе го испрати симболично вицепремиерот Бујар Османи на атинскиот аеродром, на првиот лет по пауза од над 10 години од Атина за Скопје.

Авионот треба да полета во 18.40 часот по локално време, а во Скопје пристигнува по 1 час и 15 минути, односно во 18.55 часот по македонско време.

Делегацијата што ја предводи вицепремиерот Османи по слетувањето во Скопје, заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, ќе биде дел од манифестацијата која по повод првиот лет ја организира ТАВ.

Back To Top