skip to Main Content

Спасовски: Криминалот не познава политички партии, националности, верска припадност

Спасовски: Криминалот не познава политички партии, националности, верска припадност
  • 29.06.2019

Криминалот не познава политички партии, националности, верска припадност и слично. Едноставно имате луѓе кои се чесни, одговорни, но  и луѓе кои ги прекршуваат нормите на државата. Ние мора да отвориме една беспоштедна борба против криминалот и корупцијата.

Ова денеска во Кавадарци го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговорарајќи на новинарско прашање околу последните обвинувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ,  дека „власта ги апси нивните видни членови од раководството, за да ги покрие своите лоши политики“.

Наша обврска и задача, рече, е да се бориме против криминалот и корупцијата.

– Имаме низа случаи што значат справување со криминал и во рамките на институциите на системот на сегашни функционери, нагласи министерот, притоа споменувајќи неколку случаи.

Тој се осврна на тоа, како што рече, дека криминално раководство на ВМРО-ДПМНЕ  ја водело државата изминати 12 години.

Back To Top