skip to Main Content

Спасовски-Задорожњук: Македонија и Украина ќе соработуваат против криминалот, корупцијата и тероризмот

Спасовски-Задорожњук: Македонија и Украина ќе соработуваат против криминалот, корупцијата и тероризмот
  • 31.10.2018

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во просториите на Министерството се сретна со амбасадорката на Украина во Република Македонија Наталија Задорожњук на која разговарале и за унапредување на соработката во борбата против организираниот криминал и корупцијата и тероризмот.

Како што соопшти МВР, на средбата беа потврдени пријателските односи, довербата, отсуството на отворени или спорни прашања помеѓу двете држави, како и соработка во голем број области од заемен интерес.

-Соговорниците разговараа за продлабочување на досегашната меѓусебна соработка, особено во областите на миграцијата, организираниот криминал и корупцијата, тероризмот, како и борбата против екстремизмот и насилниот радикализам, стои во соопштението од МВР.

Back To Top