skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Обвинител врши увид на местото на железничка несреќа во Хиподром каде што во судир на воз и автомобил загина припадник на МВР
Пет дена за барање за амнестија, законот не важи за организаторите и насилниците на упадот во Собранието
Во Кривичен продолжува судењето за „Титаник“
Продолжува комисиската расправа за предлог амандманите на Уставот
Димитров во Брисел на средба на КОРЕПЕР
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Со новиот закон СЈО ќе може да ги гони претседателот, пратеници, амбасадори, судии

Со новиот закон СЈО ќе може да ги гони претседателот, пратеници, амбасадори, судии
  • 07.12.2018

Министерството за правда го објави нацртот на предлог-законот за СЈО со кој се менуваат неговите надлежности. Отсега, освен што СЈО ќе може да истражува и гони кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите извршени во периодот меѓу 2008 и 2015 година, во иднина ќе може да гони и повисоки функционери во законодавната, извршната и судската власт.

Со предложеното решение, СЈО ќе може да истражува и гони кривични дела извршени од претседателот, поставените амбасадори и други претставници во странство и именувани лица од претседателот, избрани или именувани функционери во и од Собранието, во и од Владата, во судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет, Советот на јавните обвинители  и избраните градоначалници на единици на локалната самоуправа и Град Скопје.

Се предвидува и надлежност за прогон СЈО да има за кривични дела извршени од одговорни лица во политички партии против изборите и гласањето, како и од областа на животната средина и природат, културното наследство и природните реткости, јавните финансии, платниот промет и стопанството, вооружените сили, службената должност, неовластеното оддавање информации и податоци за сведоците и други ако овие дела се сторени во врска со постапки кои ги води Специјалното јавно обвинителство.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top