skip to Main Content

Со многу правнички натегања почна судењето за „Титаник 2“

Со многу правнички натегања почна судењето за „Титаник 2“
  • 10.05.2018

Во Кривичниот суд Скопје денеска почна предметот „Титаник 2“, што се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година. Во овој предмет на СЈО обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Судијата Огнен Ставрев на минатото рочиште го прифати барањето на одбраната за одложување и ново судење закажа за денеска, со цел да можат да го разгледаат прочистениот текст на обвинението што им го подели обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи. Во прочистениот текст го нема делот за петмината судии од Управен суд, за кој Судот не го прифати обвинителниот акт поднесен од СЈО.

Според „бомбите“ што ги објави СДСМ, а кои се прифатени како докази во судската постапка, Мијалков и Тачи се договарале за гласање на членови на ДИК во однос на поднесени приговори.

На денешното рочиште присутни се сите обвинети, а на самиот почеток обвинетиот Бедредин Ибраими побара адвокатот на мендух тачи да биде и негов адвокат, по што правниот застапник веднаш побара одлоѓување на судењето заради запознавање со случајот. Судијата Ставрев го одби барањето на адвокатот и од СЈО побара да почне со своето воведно обраќање.

Ибраими потоа побара од судот обвинението да го види на албански јазик, по што и обвинетиот Тачи го побара истото, иако во предистражната постапка дал исказ дека го разбира македонскиот јазик. Судијата Ставрев изјави дека обвиненијата ќе ги добијат на албански јазик и даде двочасовна пауза за превод на обвиниенето и рече дека е подготвен да продолжи со работа до полноќ. 

Back To Top