skip to Main Content

Со космодиск до разумен компромис… Што го одбележа претседателствувањето на Ѓорѓе Иванов?

Со космодиск до разумен компромис… Што го одбележа претседателствувањето на Ѓорѓе Иванов?
  • 08.02.2019

Овој дуел пред десет години го одбележа почетокот на претседателствувањето на Ѓорѓе Иванов. И по преземањето на функцијата во мај 2009, Иванов беше често присутен во медиумите, но не со државничките изјави, туку со гафовите.

Шеговитиот дел од кариерата го заврши во вториот мандат, поточно во април 2016 кога прогласи општа аболиција на сите осомничени на СЈО. Па така, одеднаш Ивановата духовитост се претвори во претседателска трагедија. Неговата аболиција го означи почетокот на Шарената револуција, а потоа јавноста се занимаваше со неговото противење да го испочитува Уставот и да ги потпише законите кои ги донесе Собранието. Наместо водач на државата, јавноста го оцени како послушник на ВМРО ДПМНЕ. Мора да се напомене дека сите обраќања на претседателот поминаа без почит кон јавоста, освен она на кое го правдаше својот кабинет од сведочењата за 27 април. Тогаш Иванов и им приреди вистинско изненадување на новнарите… остана да одговара на прашања.

Почит за јавноста само непосредно пред истекот на мандатот. Сепак, ако сакаме да дадеме приказ за тоа како Иванов ја претставуваше државата би се послужиле со неговите зборови… како космодиск, можеби изгледаше шашаво, ама сепак функционираше.

Кристина Атовска

 

Back To Top