skip to Main Content

Социјалдемократите во ЕП бараат преговори за Македонија

Социјалдемократите во ЕП бараат преговори за Македонија
  • 12.06.2018

Шефот на Социјалдемократската група во Европарламентот, Удо Булман порача дека лидерите на Европската Унија тна Самитот на ЕУ закажан на 28 и 29 јуни треба да дадат зелено светло за почеток на преговори со Македонија.

– Денешниот успех е доказ дека прогресивните политички сили се способни да решат долгогодишни спорови и да прават тешки компромиси, кои националистичките конзервативни сили не успеаја да го направат повеќе од 25 години. Ги поздравувам премиерот Заев и Ципрас за овој историски договор, исто како и народот на Северна Македонија за пристигнување пред вратите на членство во ЕУ и НАТО, вели Булман.

Тој ги повика политичките сили во двете држави да ја искористат приликата и да докажат дека иднината на нивната земја и на добрососедските односи се поважни од краткорочните победи во анкетите.

– Ја канам Европската народна партија да го искористи своето влијание во сестринските партии на двете земји. Социјалдемократската група исто така ги повикува сите земји членки да докажат дека тие кои носат тешки одлуки и компромиси се наградени и да го поканат Скопје да започне преговори со ЕУ на 28 и 29 јуни, вели Булман. 

Back To Top