skip to Main Content

Состојбата на Ромите бавно се подобрува

Состојбата на Ромите бавно се подобрува
  • 04.04.2018

Напредокот на Ромите оди многу споро, како желка која преминува од една страна на улицата на другата и додека ја помине ќе ја згази некоја кола и не се прави ништо, истакна денеска пратеникот Самка Ибраимовски на одбележувањето на 8 Април Меѓународен ден на Ромите.

– Ние мораме да сфатиме дека заедно треба да се избориме, еве сега со новата рефомска Влада сметаме дека ќе има некои подобрувања во делот на состојбата на Ромите, имаме министер, пратеници Роми што во другите држави е мислена именка, имаме директори, студенти…, истакна Ибраимовски, кој е еден од двајцата пратеници Роми во Собранието.

Ромите се дел од Уставот и оти тоа е за поздравување. Апелираше до младите Роми, особено до студентите да се вклучат во политиката за тие да имаат напредок.

Пратеникот Амди Бајрам истакна дека Ромите во Македонија се признати како етничка заедница и единствено тука 8 Април Меѓународниот ден на Ромите е прогласен за неработен ден. Рамноправни сме со сите останати граѓани. Можеме да ги оствариме своите права и да се кандидираме за советници, пратеници, па дури и за претседател на државата, истакна пратеникот Бајрам.

– Нашата држава е Република Македонија и сите од од тука треба да го земат рецептот и секаде ќе бидат признати Ромите. Праќам порака до сите ромски лидери и НВО да сите заедно да работиме на унапредување на ромското прашање, рече Бајрам.

Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски посочи на заложбите за унапредувањето на правата и животните стандарди на Ромите во Македонија. Една од последните мерки на Владата е за систематско решавање на проблемот со лицата неевидентирани во Матичната книга, со кој се очекува да бидат опфатени околу 3.000 лица, од кои повеќето се од ромската заедница.

– Верувам дека овој чекор е само почеток на реализирање на низа други проекти кои значително ќе ја унапредат позицијата на Ромите во Македонија, рече Мисовски.

Заложбите, како што кажа потпретседателот на Собранието, се за праведна, целосна и правична застапеност на ромската заедница согласно Охридскиот рамковен договор на сите нивоа на власта, зајакнати индивидуи и заедници, проследено со политичка култура во јавниот, државен и општествен дискурс, каде што се води грижа за сите граѓани во Република Македонија без разлика на нивната етничка припадност и социјален статус, вистинско инклузивно образование, политичка партиципација и учество во донесување на одлуки…

Пратеникот Џевад Адеми, член на Комитетот за односи меѓу заедниците, ги советуваше младите Роми да

Адеми на почетокот од своето обраќање кажа дека ќе зборува на албански бидејќи дел од присутните Роми, според него, разбираат албански јазик, сепак, подоцна продолжи да зброрува на македонски јазик. Според него, ромската заедница е најдискриминираната заедница во Македонија. Ги советуваше младите Роми да се борат за своите права бидејќи, како што кажа, работите не се менуваат сами.

– Ви кажувам како поранешен борец против неправда и дискриминација, работите не се менуваат сами. Добрите нешта не стануваат само затоа што се добри, треба сите да се ангажирате. Речиси во сите градови во Македонија има гето. Ова што го гледам денеска ме враќа 30 и повеќе години назад. Знаете кога почнаа сдеризоно да се третираат барањата за рамноправност на Албанците, кога младите луѓе, студентите се дигнаа, станаа на нозе, јас не викам вие задолжетилено да демонстрирате, тогаш беа поинакви времиња, ама да го кренете гласот, дрско да ги барате вашите права, рече Адеми.

Тоа што Ромите имаат министер и двајца пратеници не ја менува фактичката состојба на Ромите во земјата.

Силхан Саитов, од НВО „Ромаверитаз“ кажа дека во Македонија се уште 29 отсто од Ромите живеат во руинирани и монтажни објекти, дури 7 отсто живеат во кужи изградени во неградежни материјали.

– Надеж за многу ромски семејства носат владите во Република Македонија со можноста за легализација на дивоградбите, рече Саитов.

Вкупниот број на невработени Роми во 2017 изнесувал 9. 978, 41 отсто од Ромите се догорочно неврабитени, а неработеноста кај младите е релчиси двојно поголема од општата стапка на невработеност, а таа во 2017 се зголемува. Студентите Роми како најголем проблем при вработување ги сметаат дискриминацијата по етничка линија и партиската припадност. Малите панси за вработување со високо образование, според него, делува демотивирачки за младите Роми.

Ромите во Македонија имаат своја општина и признато право на употреба на ромскиот јазик во рамките на Општината, со оглед на тоа што ромското население сочинува над 76 проценти од вкупното население во оваа општина.

Во однос на правичната застапеност, во државните институции во 2016 година само 1, 4 отсто вработените биле Роми, а во локалните самоуправи биле вработени само 40 лица.

Во Европа живеат околу 12 милиони Роми, од кои половината се во земјите – членки на Европската унија.

Меѓународниот ден на Ромите 8 Април е прогласен официјално во Полска во 1990 година.

Back To Top