skip to Main Content

Состанок на Иницијативата СЕЕЦП во Брод кај Крањ

Состанок на Иницијативата СЕЕЦП во Брод кај Крањ
  • 23.04.2018

Во Брдо крај Крањ денеска ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Процесот на соработка во Југоисточна Европа (СЕЕЦП).

Шефовите на дипломатијата ќе разговараат за европската визија, безбедносните прашања и перспективите од дигиталното поврзување.

Во иницијативата на СЕЕЦП учествуваат Македонија,  Словенија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Грција, Турција, Бугарија, Романија и Молдавија.

Состанокот на министерско ниво е под мотото „Југоисточна Европа за иднина“ (SEE4FUTURE) и ќе биде увод за самитот на шефови на држави или влади на земји членки на СЕЕЦП, што во Брдо кај Крањ ќе биоде одржан во вторник. Тие ќе разговараат за идната соработка во Југоисточна Европа.

Back To Top