skip to Main Content

Сореца со директна порака до Скопје и Тирана: Вие не сте виновни – ве молам не се откажувајте!

Сореца со директна порака до Скопје и Тирана: Вие не сте виновни – ве молам не се откажувајте!
  • 18.10.2019

Амбасадорот на делегацијата на Европската Унија во Албанија, Луиџи Сореца, реагираше по негативната одлука за отворање на преговори за Албанија и Северна Македонија со ЕУ.

Преку пост на Твитер, Сореца ги повикува двете земји да не се откажуваат од преговорите бидејќи ќе дојде денот кога ќе станат членки на ЕУ.

– Северна Македонија и Албанија не се виновни за ова… Денес би сакал да испратам порака до нашите пријатели: Ве молам, не се откажувајте… Јас апсолутно не се сомневам дека еден ден ќе станете полноправени членки на ЕУ, пишува Сореца.

За доцна попладнево најавена е прес-конференција на албанскиот премиер Еди Рама и овластениот министер за Европа и надворешни работи, Генц Цакај.

Back To Top