skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева ќе сведочи пред Русковска во 10 часот во вторник
Јанева негира дека дала наредба за претрес на обвинителите
Обвинителот Рустеми сведочи во ОЈО
Стефанова за комуникацијата меѓу Јанева и Камчев: Не сум експерт за криминал
Скопје и Софија ја интензивираат соработката во одбраната
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

БМЈ Медиа Груп и 1ТВ со конкретна помош и донација за семејствата на настраданите од несреќата

БМЈ Медиа Груп и 1ТВ со конкретна помош и донација за семејствата на настраданите од несреќата
  • 14.02.2019

Сопственикот на БМЈ Медиа Груп и 1ТВ, Бојан Јовановски на својот фејсбук профил соопшти дека компанија БМЈ Медиа Груп ќе им обезбеди сместување на семејствата на лицата кои настрадаа во вчерашната сообраќајна несреќа и коишто се сега на лекување во Скопје, истакнувајќи дека ќе добијат еднократна парична помош.

„Во свое лично име и во име на 1ТВ сакам да ја соопштам следнава одлука на нашата компанија. За семејствата на сите повредени лица кои настрадаа во вчерашната трагична сообраќајна несреќа и коишто се сега на лекување во Скопје, нашата компанија ќе им обезбеди сместување во Скопје додека трае лекувањето на настраданите и парична еднократна помош за лекување на настраданите. Гореспоменатите семејства ќе бидат веднаш контактирани од страна на менаџментот на телевизијата и веднаш ќе им биде овозможена наведената помош и поддршка во овие тешки моменти. Посакувам брзо опоравување на сите настрадани лица и уште еднаш го изразувам своето длабоко сочувство кон семејствата на загинатите лица.“, напиша Јовановски.

 

Back To Top