skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Османи оптимист дека многу бргу ќе се најде решение за законот за ЈО
Заев: Секој предлог за законот за јавно обвинителство е вреден за внимание
ВМРО-ДПМНЕ достави предлог за законот за ЈО

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје: Шилегов да ги слушне барањата на скопјани за анализа на влијанието врз животната средина со изградбата на подземна сообраќајница на Кале

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје: Шилегов да ги слушне барањата на скопјани за анализа на влијанието врз животната средина со изградбата на подземна сообраќајница на Кале
  • 12.09.2019

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје апелира градоначалникот Петре Шилегов да не прави гол популизам од проектот за изградба на вијадукт на Вардар и подземен тунел под Скопското Кале и да ги слушне барањата на скопјани.

Проектот кој е далеку од почетна градежна реализација треба да биде со одобрение на граѓаните и точна анализа дали истиот ќе ја наруши животната средина и ќе задира во историскиот заштитен локалитет Скопско Кале.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје не е против изградба на овој капитален проект кој како идеја постои повеќе децении, но единствено истиот да се реализира преку консултација на стручната и експертска јавност и јавна расправа на која ќе учествуваат жителите чии живеалишта се наоѓаат во непосредна близина на овој проект.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува барањата на граѓанските здруженија за одржување на јавна расправа на која ќе се чуе експертско мислење и ќе се изработат анализи за повеќе аспекти: Дали ваквиот проект ќе создаде загрозување на животната средина? Дали со тоа ќе се зголеми фрекфенцијата на возила и ќе го наруши квалитетот на живот на граѓаните чии живеалишта во самата близина? Како овој проект од бетон ќе влијае на загадувањето? Дали ова ќе биде бетонска џунгла или квалитетно сообраќајно решение? Дали поборникот Шилегов за зелено Скопје се претвора во создател на бетонска џунгла, и колку зелени површини со вијадуктот ќе бидат уништени? Дали ќе има загрозување на историскиот локалитет Скопското Кале? Дали зад ваквиот проект се крие можеби нечиј бизнис интерес?

Во отсуство на проекти Шилегов има потреба од гол популизам но тој не смее да се одвива на грбот на скопјани. Потребно е низ еден транспарентен процес да се носат крупните одлуки за граѓаните на Скопје. Шилегов наместо политизирање и популизам треба да се посвети на работа. 2 години Шилегов, 2 години неработа, криминал и лаги.

Back To Top