skip to Main Content

Собранието ќе се вклучи во кампањата за референдумот

Собранието ќе се вклучи во кампањата за референдумот
  • 22.08.2018

Собранието ќе се вклучи во јавната кампања за референдумот, а информациите како тоа ќе го направи ќе ги презентира преку соопштение за јавноста во текот на денот.  Се очекува да бидат објавени и средствата што ќе бидат одвоени за кампањата. Други детали засега официјално не се соопштуваат.

Во Сообранието заврши координативната средба на претседателот на Парламентот Талат Џафери со првите луѓе на пратеничките групи на која присуствуваше и претставник на Владата. На координацијата вообичаено не присуствуваа претставници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Собранието е предлагач на одлуката за распишување на референдумот за името на 30 септември. Одлуката беше предложена со потписи на 69 пратеници. Парламентот, според Законот за референдум, треба да спроведе јавна кампања, но исто така тоа можат да го сторат и други заинтересирани страни. ев/сд/11:35

Back To Top