Собранието треба да отвори расправа за одземање на имунитетот на Велјановски

Собранието на Република Северна Македонија денес треба да отвори расправа за одземање на имунитетот на поранешниот претседател на Парламентот и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Трајко Велјаноски, откако вчера Јавното обвинителство побара 30 дневен притвор заради сомнеж за вмешаност во организацијата на насилствата од 27 април.
По синоќешниот распит во Јавното обвинитество, само Велјаноски, заради имунитеот, беше привремено ослободен како осомничен за упадот во Собранието на 27 април, додека поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски добија 30-дневен притвор поради можност за бегство и влијание на сведоци.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.