skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Судењето за „27 април“ одложено за 31 јануари, Русковска информира дека во обвинението нема суштински измени
Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат
Нови рочишта за „Топлик“ и за убиството на Саздовски
Отровен воздух и привремени мерки: бесплатен превоз во ЈСП, за два дена продолжен зимски распуст и два дена скијање во Маврово за децата
Во Грција почнуваат парламентарните процедури за ратификација на Договорот од Преспа
Нимиц ја повика Грција да го ратификува Преспанскиот договор
Делегација на Собранието на зимската сесија на ПССЕ во Стразбур
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Собранието ги утврди предлог-амандманите на Уставот, следува нивното донесување

Собранието ги утврди предлог-амандманите на Уставот, следува нивното донесување
  • 11.01.2019

Пратениците во Собранието на Република Македонија вечерва во рамки на 75. седница ги утврдија предлог амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI на Уставот на Република Македонија, по што треба да почне донесувањето на амандманите.

Пратениците на Алијансата за Албанците и на Беса ги повлекоа своите амандмани на уставните амандмани.

Џафери отвори претрес за амандманот на осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кој премиерот Зоран Заев го отфрли, а пратеничката Елизабета Канчевска Милевска побара појаснување  кои биле причините да се прифати терминот „ерга омнес“.

-Премиерот ќе го води сенка кога долг период велеше дека нема да се менува Уставот, но и ВМРО-ДПМНЕ да бидат неми посматрачи и да не учествуваат во овој процес. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ го избра најлесниот и најлошиот пат кон решавање на ова историско прашање. Со тоа ја потврдија лажната политрика и лажниот патроитизам. Потврдија дека сакаат ова сето брзо да се заврши и некој друг да го заврши, а потоа на прес-конференција да ги набројат со име и презиме кои се предавниците, рече Канчевска Милевска.

-Можам да им порачам дека предавници не се чувствуваме во ни еден момент, ниту претходно, ниту сега. Предавници се оние кои бегаат од проблемите и не нудат никакви решенија, рече Канческа-Милевска и додаде дека е убедена оти ВМРО-ДПМНЕ ќе ги утврди пропустите.

Заев посочи дека секоја информација ја споделувал со Мицкоски уште кога почнал да преговара со Грција и се надевал на консензус во Собранието за договорот.

-Парламентот и досега имал тешки одлуки, а и денешната не е лесна. Најлесно е да го избегнете овој процес и да се скриете под политиканството. Вашата политичка партија знае дека подобар договор не може да се постигне со Грција и дека не можа без договор да се оди во НАТО и ЕУ. Затоа Мицкоски одбегнуваше и веруваше дека нема да се постигне договор. Точно е дека јас го проемнив мојот став, но променатав на ставот носи прогрес. Решение едно за дома, едно за надвор носи нови кавги. Можеби ќе можеше да биде само за надвор, но ако прифатевме име без Македонија или споено како Новамакедонија, рече Заев.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top