skip to Main Content

Собирот на т.н. Македон самоволно претставен како петта светска средба на децата бегалци

Собирот на т.н. Македон самоволно претставен како петта светска средба на децата бегалци
  • 02.07.2018

Републичкото здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија изразува жалење и големо разочарување што името на претстојната Петта светска средба, како што наведува, е  злоупотребено за политички и партиски цели.

Здружението преку соопштение до медиумите информира дека е организатор на сите досегашни светски средби на некогашните деца бегалци, влучувајки ја и Петтата, што ќе се одржи од 19 до 22 јули годинава во Скопје. Во организација на Средбата се вклучени речиси сите здруженија на егејските Македонци од земјата и дијаспората, а покровител прифатил да биде претседателот на Владата Зоран Заев.

– Со изненадување и неверување деновиве проследивме собир и неколку јавни настапи на т.н. здружение Македон, самоволно претставено како некаква си петта светска средба на децата бегалци.  Со жалење и големо разочарување можевме да констатираме дека името на оваа традиционална манифестација беше присвоено и злоупотребено во одредени политички и партиски цели, со што длабоко беа компромизирани основните принципи на граѓанското организирање и посебно хуманиситичкиот карактер и пораки на претстојната Светска средба, стои во соопштението од Републичкото здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија.

Back To Top